×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • СОНК: Штрајкот ќе трае до исполнување на нашите барања

    22.01.2015 12:24 | KumanovoNews

    Информациите што се проширија во градот дека во понеделник ќе ќе заврши штрајкот и ќе започне наставата во училиштата,  не се точни.

    СОНК: Штрајкот ќе трае до исполнување на нашите барања

    Од Регионалниот просветен синдикат ги отфрлаат овие информации и тврдат дека штрајкот ќе трае додека не се исполнат нивните барања.

    “Тоа се само гласини кои се шират во градот и не се точни. Засега нема ништо такво, и штрајкот си продолжува се до исполнување на нашите барања. Додека трае штрајкот родителите нема потреба да ги праќаат децата на училиште. Ако во меѓувреме има промени, родителите преку соопштение во медиумите ќе бидат известени“ - изјави Селајдин Дестани, претседател на Регионален просветен синдикат.

    Наставниците испорачаа барања до ресорното министерство, од кои најважни се покачување на платите за 25 отсто и укинување на казните од екстерно тестирање.