Сообраќајот кон Пелинце без застои, на прославата да се пристигне до 9.30 часот
Кумановската полиција ги информира граѓаните дека по повод Државниот празник 2 Август, како и одржувањето на свечена манифестација во Меморијалниот центар АСНОМ во селото Пелинце, Општина Старо Нагоричане, на подрачјето на општините Куманово и Старо Нагоричане режимот на движење на сообраќајот ќе се одвива нормално без застои и пренасочување.

„Воедно ги известуваме сите кои сакаат да присуствуваат на свеченоста што ќе започне во 10 часот, навремено односно до 09,30 да пристигнат во Меморијалниот центар Пелице. Во оваа прилика уште еднаш укажуваме на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи“, - соопштуваат од СВР Куманово.