×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на Страцин намалена видливост

    25.01.2019 08:48 | KumanovoNews

     На сите магистрални и регионални патишта сообраќајот се одвива по влажни коловози, а на некои повисоки места во западните делови од државата со остатоци од кашест снег на коловозот.

    Сообраќајот се одвива по влажни коловози, на Страцин намалена видливост

    Снег врне во Тетово, Гостивар, Кичево, на Попово Шапка,  Маврово,  Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

    Поради појава на магла видливоста е намалена од 50 до 100м во Страцин и на планинскиот премин Буково.

     На патниот правец Струга – г.п. Ќафасан (до с.Франгово) поради оштетувања на коловозот брзината е ограничена на 40 КМ / h.

    На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

    ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот.