×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Сопственици на апартмани останале без пола милион денари

    24.04.2017 13:06 | KumanovoNews

    Полицијата поднесе кривична пријава против Д.С.(56) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело затајување.

    Сопственици на апартмани останале без пола милион денари

    Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ во Струга. Тој, бесправно за себе присвоил парични средства кои му биле  доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари.