Сопственичка на аптека крадела струја
05.02.2015 12:49
| KumanovoNews
Сопственичка на аптека од Куманово користела струја без да ја плаќа.

Н.М.(36) од Куманово во текот на минатат година, во неутврден период, без дозвола на ЕВН Македонија ги тргнала пломбите со кои било запечатено броилото и ја преместила мерната опрема, за да не се регистрира потрошената струја. На ваков начин сопственичката на аптеката незаконски заработила 267.523 денари.
Таа ќе одговара за сторени кривични дела кражба и симнување и оштетување службен печат или знак.