Сопственик на фирма вршел трансакции од туѓа банкарска сметка
28.10.2020 16:31
| KumanovoNews
СВР Охрид поднесе кривична пријава против триесет и шестодишен кумановец, сопственик и управител на фирма од Куманово, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 24.02.2020, пријавениот неовластено влегол во компјутерските податоци на банкарската кредитна картичка на А.А. од Охрид и извршил шест трансакции, со што ѝ нанел материјална штета.