×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Совет за заштита на животната средина да формира Општината, препорачуваат експертите

    24.11.2018 10:00 | KumanovoNews

    Општина Куманово да формира стручно тело кое ќе се грижи за животната средина, беше предложено на трибината „Заштита на амбиенталниот воздух во Општина Куманово“, што ја организираше Советот на Општина Куманово.

    Совет за заштита на животната средина да формира Општината, препорачуваат експертите

    Професорот Живко Давчев од Факултетот за земјоделство и исхрана, смета дека ова локално тело ќе има задача во континуитет да ги лоцира и да понуди решенија за сите негативни појави од областа на екологијата, да изработува и имплементира краткорочни и долнорочни програми за надминување на проблемите.

     Во Куманово треба да се направи совет за заштита на животна средина и тој совет треба да има стручни лица, кој ќе функционира постојано, независно дали ќе има избори или смена на власта. Тоа ќе биде стручно тело кое ќе посочува дел од овие прашања што ги поставивме. Работата на советот е да дава локации каде ќе се посадуваат дрва, меѓутоа и да се грижи дали ќе се одржат тие садници, - рече професорот Давчев.

    Присутните на трибината посочија дека досегашното искуство покажува дека Општината се обидува да се справи со загадувањето со краткорочни решенија само кога тоа ќе се појави во зимските месеци, а не презема ништо во пролетниот и летен период.

    За загадувањето на воздухот во Куманово влијае греењето на нееколошки горива, со пластика, иверка, гума и други матерјали, издувните гасови поради големата употреба на возила, недостаток на зеленило и др.

    Претседателката на Советот Атина Мургашанска, вели дека овој проблем е глобален, но тоа не значи дека локалната самоуправа не треба да преземе мерки за ублажување на проблемот,  меѓу кои и дебата со идеи од граѓански организации, од политички субјекти и од експерти.

     Треба дополнително да се вложиме во промотивна кампања за преземање мерки, информирање за штетните последици од користење на нееколошки горива за загревање, последици по здравјето и придобивки од примена на еколошки навики од најмладите, па се до највозрасните,- рече Мургашанска.

    Куманово последните години се соочува со голема загаденост на воздухот, поради што граѓаните бараат од локалната самоуправа да се се справи со проблемот.