×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Советниците бараат информација од градоначалникот за одземените ингереции на Општината за градинката

    30.01.2019 10:22 | KumanovoNews

    Советниците од опозицијата во Советот на Општина Куманово денеска побараа од градоначалникот да даде информација пред советниците за одземените ингеренции на Општината за градинката „Ангел Шајче“.

    Советниците бараат информација од градоначалникот за одземените ингереции на Општината за градинката

    Секојдневно ме среќаваат граѓани кои ме прашуваат што се случува во градинката, а јас немам повеќе информации освен она што го пренесуваат медиумите. Како Совет заслужуваме да имаме конкретна информација, да знаеме зошто дошло до оваа работа и што понатаму, како ќе се надмине овој проблем, - изјави координаторот на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Петковски.

    Советникот Зоран Петрушевска побара да се стави точка на дневен ред и да се расправа по неа на денешната седница, но предлогот не беше прифатен од мнозинството.

    Претседателката на Советот Атина Мургашанска, објасни дека градоначалникот е на службен пат и беспредметно би било да се расправа без негово присуство.  Додека советникот Владимир Павловски, ја поддржа идејата дека треба да се изнесат во јавноста информациите за одземените ингеренции, па побара од Советот на наредната седница во присуство на градоначалникот да дебатира за овој проблем.