Советнички прашања на 25. седница на Совет
13.03.2019 21:42
| KumanovoNews
Советнички прашања ќе биде единствената точка на дневен ред, на дваесет и петтата седница на Советот на Општина Куманово што ќе се одржи во четврток (14.03), со почеток во 10 часот.

На советничките прашања ќе одговара градоначалникот Максим Димитриевски, раководителите на секторите во Општина Куманово и директорите на јавните претпријатија.
Советот на секои три месеци има обврска да закаже седница со прашања, каде локалната администрација пред советниците дава отчет за сработеното, најчесто за веќе донесени програми и проекти од ситеобласти, но и за плановите за работа и развој на локалната самоуправа.