Советнички прашања во Советот на Општина Куманово
24.06.2026 15:38
| KumanovoNews
Советот на Општина Куманово утре ќе одржи седница со советнички прашања.
Советниците ќе имаат можност да поставуваат прашања од надлежност на локалната самоуправа и да добијат одговори од градоначалникот и општинската администрација.
Седница со советничките прашања се одржува на неколку месеци, а има за цел да ја зголеми транспарентноста и одговорноста во носењето и спроведувањето на одлуките.