Советникот Трајковски негира дека тепал пратеници
Советникот во Советот на општината Куманово Тони Трајковски-Слонче, од партијата МААК која е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ, осомничен дека учествувал во нападот на пратениците во Собранието на 27 април годинава, ги отфрла обвинувањата.

МВР завчера поднесе кривична пријава против Т.Т.(53) од Куманово за учество во толпа што ќе изврши кривично дело, врз основа на прегледаните видео матерјали, бидејќи со тупаници ги нападнал пратениците и фрлал со тврди предмети кон нив и нивното обезбедување.
Во телефонски разговор Трајковски ни рече дека вчера би повикан во полициската станица Пролеќе во Скопје, дал исказ, по што е пуштен дом.
Тој го негира делото за кое се товари и вели дека критичната вечер бил на протест пред Собранието заедно со поголема група кумановци, но не влегол внатре, ниту пак го носел повредениот Зијадин Села, како што објавија некои медиуми.
Најавува дека за целиот случај ќе излезе во јавноста откако ќе се консултира со адвокатот.
Трајковски порачува дека во македонското Собрание може да влезе само како пратеник а не како насилник.
Дел од медиумите објавија видео снимка на која наводно советникот Трајковски го влече по ходниците повредениот Села