Советот на Општина Куманово доби грант од 62.000 долари од УНДП
Советот на Општина Куманово доби грант од 62.000 долари за јакнење на сопствените капацитети.

Проектот се реализира преку УНДП, а има за цел да ги зајакне општинските совети и улогата на советниците во сферата на урбанизмот, комунално уредување, културата и во сите останати надлежности.
50 илјади долари од средствата ќе бидат потрошени на проекти за кои ќе одлучат граѓаните преку форумите на заедниците, а 12 илјади долари ќе бидат искористени за унапредување на капацитетите на работа на Советот. Тоа ќе биде во делот на техниката или опремата, но за тоа заеднички ќе одлучат членовите на Совет и донаторите,- изјави претседателката на Советот Атина Мургашанска.
Според неа, тоа значајно ќе го подигне квалитетот и севкупната работа на Советот на Куманово, а со тоа и квалитетот на решенијата кои ги носат во името на граѓаните.Покрај Куманово ваков грант добиле уште 8 совети на општини во државата.