Мени

Советот утре ќе ги дополни управните и надзорните одбори на јавните претпријатија

21.05.2026 10:17 | KumanovoNews

Советот на Општина Куманово утре ќе одржи седница на која повеќето точки се однесуваат за дополнување на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија.

Советот утре ќе ги дополни управните и надзорните одбори на јавните претпријатија

Оваа година за првпaт членовите се избираа на јавен конкурс, но поради недоволен број на кандидати,  местата не беа потолнети.

Седницата ќе се одржи во кружната сала на зградата на поранешните општествено - политички организации, со почеток во 08:00 часот.
       

Дневен ред:

1.    Предлог – Одлука за давање на користење без надомест на недвижна ствар, сопственост на Општина Куманово на здружение на граѓани „Доверба“;
2.    Предлог - Одлука за усвојување на Извештај - Елаборат за проценета висина на штети од природни непогоди и други несреќи на територијата на Општина Куманово во 2025 година;
3.    Општински енергетски план за 2027 за Општина Куманово;
4.    Предлог - Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за преземање на 1(еден) административен службеник;
5.    Предлог - Одлука  за именување на 1 вршител на должност на Надзорен одбор (област финансиско работење) на ЈП„Водовод“- Куманово;
6.    Предлог - Одлука  за именување на  3 вршители на должност на (1 од област на финансиско работење и 1 од област дејност на претпријатие) Надзорен одбор на ЈП„ Чистота и зеленило “- Куманово;
7.    Предлог - Одлука  за именување на 2 вршители на должност (1 област финансиско работење) на Управен одбор и 1 вршител на должност (област на правни науки)  на Надзорен одбор на ЈП„Пазаришта“- Куманово;
8.    Предлог - Одлука  за именување на 1 вршител на должност на Управен одбор и 2 вршители на должност Надзорен одбор (1 од областа на правни науки и 1 од област дејност на претпријате) на ЈП„Куманово - Паркинг“- Куманово;
9.    Предлог - Одлука  за именување на 1 вршител на должност на (област на правни науки) Управен одбор и 1 вршител на должност (област финансиско работење) на Надзорен одбор на ЈП„Куманово - Гас“- Куманово;
10.    Предлог - Одлука  за именување на 1 вршител на должност (област -дејност на јавно претпријатие) на Надзорен одбор на ЈП„Куманово - План“- Куманово.