×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спа Дивајн со специјални лифтинг третмани и нова локација

    31.10.2013 09:38 | KumanovoNews

     Центарот за убавина "Спа Дивајн" од утре ќе работи на нова локација, во стан на улицата "Кирил и Методиј" бр. 17 зад Гимназијата "Гоце Делчев".

    Спа Дивајн со специјални лифтинг третмани и нова локација

    Во нов модерно уреден простор, опремен со нови најсовремени апарати и специјални третмани, салонот нуди врвни услуги за разубавување на лицето и телото.

    Ние сме единствени во градот што поседуваме најсофистициран нехируршки апарат за лифтинг на лице и тело. Се работи за најпознатиот систем од марката ЦАЦИ (CACI), која во индустријата за козметика стана позната уште и под името "не-хируршки Face Lift". Уникатната комбинација на специфични бранови и ултра ниските фреквенции кои работат во хармонија со телото е био-електричното поле кое пренесува мали електрични импулси и сигнали кои служат за стимулација на мускулниот тонус и подобрување на кожното ткиво. Со помош на специјално патентирани микро-струи, нежно ги затегнува и тонизира мускулните влакна и ги измазнува фините линии и брчките. Идеален е за третмани за слабеење, обликување, лифтинг на лице, против брчки, акни и лузни.-објаснува Ивана Маневски, сопственичката на Спа Дивајн.

    Во новиот салон ќе има можност да се користат и најсовремени ултразвучни третмани кои со години наназад се докажани во козметиката.

    Ултразвучните бранови се апсорбираат во кожата и се претвораат во топлинска енергија и водат кон стимулација на циркулацијата на крвта и лимфниот систем, активирање на метаболизмот, зајакнување на крвните садови. Најчесто се користат за подмладување на кожата преку хемиски реакции во колагената фаза, конверзија на старото сврзно ткиво со ново и зацврстено, намалување на ПХ вредноста на кожата, зголемување на АТП (аденозин трифосфат) активноста со што клиентите добиваат подобрување на организацијата на клетките на епидермисот, подобрување на еластичноста и тонизирање на мускулите-додаде Маневски.

    Во Спа Дивајн новина е и третманот за детоксикација, кој на ефективен начин го ребалансира, регенерира и детоксифицира телото без диети, напитоци и вежби.

    Тоа е 30 минутен третман кој создава милиони јони кои ги неутрализираат киселинските отпадни материи од ткивата, помага на организмот да го ребалансира природниот електричен енергетски систем и најчесто се препорачува за детоксификација на целиот организам, зголемување на општата енергија, регулација на крвниот притисок, на нивото на холестерол, на нивото на шеќер во крвта, подобрување на сонот, на меморијата и тенот, слабеење и отстранување на целулитот, намалување на потењето, непријатните мириси, стресот и болките-изјави Марина Лазиќ, вработена во Спа Дивајн.

     За сите редовни клиенти и оние кои допрва ќе се уверат во професионалноста на тимот, најдобриот козметички салон во градот Спа Дивајн нуди низа поволности. Во салонот остануваат и старите услуги, депилација, неколку видови третман на лице, масажи, шминкање, педикир, маникир, надградба на нокти... За сите подетални информации заинтересираните можат да се информирате на телефонскиот број 031/430 282.