×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Спасовски и Сугарески ќе ги почитуваат одлуките на премиерот

    27.05.2019 11:17 | KumanovoNews

    CДСМ на вчерашниот Централен одбор донесе одлични одлуки и очекувам да се одржи нов ЦO на кој ќе се екипира новото раководство, изјави денеска во Куманово министерот за внатршени работи Оливер Спасовски, кој вчера беше разрешен од функцијата потпретседател на партијата заедно со останатите петмина потпретседатели.

    Спасовски и Сугарески ќе ги почитуваат одлуките на премиерот

    На новинарско прашање дали повторно ќе се кандидира, Спасовски истакна дека тоа е одлука на претседателот на партијата, која ќе ја почитува.

    Тоа е одлука на претседателот на партијата, кој ги предлага функционмерите, меѓутоа тоа воопшто не е важно. Важно е дека сите ние се согласивме дека мораме да ги промениме работите, да ги подобриме, да ја зајакнеме структурата на партијата. Знаете ова ретко го прави партија којашто е на власт и којашто ги добила изборите. Ние веднаш после добивањето на претседателските избори, пристапивме кон анализа и кон подготовка за победа на следните парламентарни избори,- рече Спасовски.

    За најавените смени на министрите во Владата, Спасовки разговарал со премиерот за неговата работа и очекува наредните денови да бидат познати одлуките.

    Тоа е исклучива надлежност на премиерот и за составувањето на Владата, но и за било какви проемни коишто ќе бидат. Јас очекувам во наредните денови, како што најави премиерот да излезе со конкретен предлог за промени. Сме разговарале и сум оставил премиерот да одлучи за тоа, - изјави Спасовски.

     Министерот Сугаревски,  повтори дека има доверба во премиерот, бидејќи разговарале отворено за сите прашања и работи кои се повразани со неговата работа и надлежност, и секоја негова одлука  ќе ја почитува.