Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Носителот на кандидатската листа за пратеници во Втората изборна единица Оливер Спасовски, заедно со кандидатката за пратеничка Лидија Тасевска, денеска ја посети млекарницата „Бучен Козјак“, препознатлив македонски бренд во производството на квалитетни млечни производи.
„Континуитетот во работењето и долгогодишното постоење е она по кое се истакнуваат и за кое се наградени, како со многубројни признанија од релевантни институции, така и со довербата од граѓаните. Продолжуваме да креираме услови за напредок на нашите компании, за модернизација на процесите, за зголемена продуктивност и конкурентност, сѐ со цел трансформација на новата македонска развојна економија“, - објави Спасовски.