СПОНА организира работилница за Мирослав Антиќ
03.04.2015 10:34
| KumanovoNews
Културно-информативниот центар на Србите во Македонија СПОНА, утревечер во 19.30 часот во просториите на Народна техника, организира книжевна работилница на тема „Миролав Антиќ или големо дете“.

Модератор на работилницата ќе биде Елизабета Краљевски, магстер по општа и компаративна книжевност и ментор на Детскиот драмски театар во Куманово.
Сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на работилницата.
Мирослав Антиќ е српски поет, роден на 14 март 1932 година во Мокрин, а починал на 24 јуни 1986 година во Нови Сад.