×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Kлубот „СУМА - Наша маала“ учествуваше на Белградскиот маратон

    01.05.2024 10:11 | Оливера Пешевска

     Десетмина членови на неформалниот забавен спортски клуб „СУМА - Наша маала“ од Куманово учествуваа на 37. Белградски маратон, кој викендов се одржа во  Србија. 

    Kлубот „СУМА - Наша маала“ учествуваше на Белградскиот маратон

    Пролетните денови и мини распустот за учениците биле инспирација да се пријават за учество и да се организираат за патување и разгледување на соседната престолнина.

    Идејата е на Југослав Спасиќ, кој и минатата година учествувал на овој престижен меѓународен спортски настан.

    „Јас го истрчав полумаратонот од 21,2 километри, а ова не е мое прво учество на Белградскиот маратон. Мои соседи и пријатели, инаку брачен пар ја истрчаа 10 километарската трка, а останатите соседи и 8 деца учествуваа на Трката на задоволството, со должина од 2,3 километри. Најголемо воодушевување кај најмалите предизвикал фактот што сите учесници добиа медали. Навистина е импресивно и преубаво да се учествува во настан меѓу 13.000 други учесници од 70 земји во светот“, истакна Спасиќ, професор по физичко образование.

    Самата организација била беспрекорна, по трасата каде се одвивала трката имало 13 енергетски ќошиња и бројни медицински екипи- за секој случај. Но најмногу се воодушевиле со инклузивниот карактер на самиот маратон, учество зеле и лица со телесен инвалидитет.

    „Имаше и лица во инвалидски колички, кои и не трчаа но беа дел од овој грандиозен настан. Воодушевени што се наоѓаат во толпата и поддржувани од 20-илјадната публика, тие беа со блескави насмевки а ние со неописливо прекрасно чувството. Препорачувам секој барем еднаш да го доживее и да учествува на овој или сличен ваков настан“, раскажува Спасиќ.

     

    Најмалите членови на дружината „Сума, наша маала“, кои се возраст од 4 до 11 години учествувале и во натпревари во виртуелно трчање на трака, играње ластик, вртење на тркала.

    Задоволството е поголемо што и најмалите учествуваат, стекнуваат здрави навики за да подоцна се занимаваат со спорт и рекреација, без ралика дали професионално или рекреативно.

    Сите учесници се договориле да учествуваат и идната година, но секој во повисока дисциплина, да трчаат на подолга траса за совладување на поголем предизвик од овогодинешниов.