Мени

Спречен увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

16.06.2026 18:38 | KumanovoNews

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречиле увоз на 23.685 килограми замрзнато пилешко месо по потекло од Бразил.

Спречен увоз на над 23 тони замрзнато пилешко месо од Бразил

Како што информира АХВ, поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло заради заштита од внесување на вирусот на високопатогена авијарна инфлуенса (птичји грип) во земјава, пратката со змрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи била произведена во јануари 2025 година, а согласно донесеното решение забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025 година.

Ветеринарите на овој граничен премин поради истата причина, во декември 2025 година, во Бразил вратија пратка со над 26 тони замрзнат пилешки батак.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, апелираме до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законските, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет“, наведува АХВ.