“Срма“ настапи на фолкорен фестивал во Нови Сад
08.01.2015 12:35
| KumanovoNews
Детскиот младински ансамбал “Срма“ учествуваше на фолклорен фестивал во Нови Сад, Србија каде се претстави со повеќе игри и песни од кумановско и Македонија.

Тридневниот фестивал се одржа пред Нова година, а учествувале вкупно 500 играорци од ансамбли од Куманово, Прокупље, Нови Сад и Шабац.
“Се претставивме со кумановски сплет, драчевка, калајџиско оро, игри од Источна Македонија. Сега беа присутни 500 играорци, а во октомври годинава тие ќе играат оро за Гинис во Нови Сад кое ќе биде со меѓународен карактер“ - кажа Марјан Бошковски, кореограф во “Срма“.
Оваа година “Срма“ ќе има повеќе меѓународни настапи и учества на фестивали.