„Срма“ со Велигденски концерт во Куманово
09.04.2015 14:54
| KumanovoNews
Детскиот младински ансамбал “Срма“ во сабота во 19 часот, на платото пред Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ ќе одржи Велигденски концерт.

Пред кумановци “Срма“ ќе се претстави со игри и песни од кумановско и од Македонија.
“Ова го правиме во соработка со Центарот за култура за граѓаните на Куманово. Програмата ќе трае еден час. Ќе се претстават нашите членови, од пионери па се до младинци“-кажа Марјан Бошковски, кореограф во “Срма“.
Се планира овој Велигденски концерт во иднина да биде традиционален.