Српската заедница ќе го одбележи 6 Април на Споменикот на авијатичари
05.04.2015 14:03
| KumanovoNews
Српската заедница во Куманово утре ќе го одбележи 6 Aприл, денот на бомбардирањето аеродромот во близина на Куманово во 1941 година, кога била нападната војската на Кралството Југославија од Германија.
Одбележувањето ќе се одржи на Споменикот на авијатичари на улицата Никола Тесла.
Ги повикуваме граѓаните на Куманово, српските политички партии, српските здруженија и невладини организации од Македонија, заедно да го одбележиме денот на започнувањето на Втората светска војна на овие простори, - стои во соопштението на Српската заедница.