Српската заедница организира помен за жртвите во НАТО бомбардирањето во црквата „Света Троица“
23.03.2019 19:38
| KumanovoNews
Демократска партија на Србите во Македонија и Српската заедница во Македонија р.о. Куманово, утре со почеток од 11 часот во црквата „Св.Троица“ во Куманово, ќе организираат помен по повод 20 години од почеток на НATO агесијата на поранешната Сојузна Република Југославија.

„Настанот ќе го одбележиме со палење свеќи во чест на трагично загинатите цивили и војници во оваа агресија. По тој повод ги повикуваме сите Срби и сите српски национални организации заеднички да пратиме порака дека не сме и никогаш нема да го заборавиме овој страшен злочин„, - соопштуваат од Организацискиот одбор на Српската заедница во Македонија.