Старо Нагоричане собира помош за поплавените семејства
06.02.2015 11:33
| KumanovoNews
Општината Старо Нагоричане организира хуманитарна акција за собирање на неопходна помош за поплавените подрачја.

Сите заинтерасирани граѓани можат да донираат вода за пиење во пластични шишиња, конзервирана храна, тестенини, пелени и храна за деца.
“Доколку сте во можност вашата помош доставете ја до општина Старо Нагоричане. Сите ваши средства ќе бидат доставени до Црвен крст Куманово од каде што ќе бидат транспортирани до најзагрозените подрачја зафатени од поплавите“ - стои во соопштението од општината.
За повеќе информации граѓаните можат да го контактираат Оливер Стојмановски на 071/260-117.