Стечајците потпишуваат петиција за обештетување
Стечајните работници од УНИТ на Градскиот плоштад започнаа со потпишување на петиција, за обештетување или вработување на оваа категорија граѓани.

Потписи ќе се собираат и наредните денови. Освен стечајците, поддршка на петицијата можат да дадат и граѓаните.
Вчера почнавме, а денеска ни е втор ден. Денеска имаме собрани 130 потписи и задоволни сме од одзивот. Ќе собираме потписи оваа недела и наредната за да имаме што повеќе. Бараме Владата да ги вработи оние кои се за вработување, и да не обештети - рече Деска Смилевска, стечаен работник.
И самите стечајци се потпишаа на петицијата, со надеж дека наскоро нивните проблеми ќе бидат решени.
Се потпишав бидејќи јас од 1993 година сум стечаец, и немам денар примено од тогаш. Нека преземат мерки за стечајците кои се со 15 до 25 години стаж. За нас нема ништо каде и да одиме. Државата бара од мене да плаќам сметки, ме даваат на суд - вели Николчо Максимовски, стечаец.
Стечајците велат дека потписи се собираат и во главниот град, а петицијата ќе биде доставена до Влада на Република Македонија.