Стечајците протестираа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
Стечајните работници од Куманово денеска протестираа пред просториите на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во зградата на поранешен „Комитет„, за да ја потсетат актуелната власт дека сеуште чекаат да се реши нивното прашање.

„Порачуваме да престанат со игрите и да ги бранат криминалците, туку да пуштат собранието да почне да работи, за да може побргу оваа категорија на граѓани да се обештети. Сакаме мирно да го искажеме нашиот револт и бараме и ние да бидеме номални граѓани на оваа општество. Порачуваме на владата на Груевски да не се игра со животите на граѓаните, туку да седне во опозицијата и да го одблокира процесот, да се започне со работа и да бидеме нормална држава, затоа што сите ги трпат последиците од ова што се случува, – изјави Љиљана Георгиевска, претседателка на здружението на стечајните работници УНИТ.
Шокирани од она што синоќа се случуваше во Парламентот, стечајците даваат подршка на парламентарното мнозинството да опстои во преземањето на власта и да го решат нивниот статус, но истовремено бараат одговорност од организаторите на синоќешното насилство.
„Ние кога протестиравме пред собранието на еден стечаец имаше по 10 полицајци, со шлемови со панцири. Не ни дозволуваа ни до оградата да се приближиме. Бевме малтретирани, влечени, клоцани, затварани по судови. Додека синоќа ги видовме истите тие полицајци како стојат на страна и пијат кисела вода додека народот слободно влегува во собранието„, - додава Георгиевска.
Стечајните работници уште еднаш потсетија дека тие со години се оставени без никаков надеомест и помош од државата, додека актуелната валст аздисува и фрла на буниште палми од пола милион евра и гради панормаски тркала.