×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Штипскиот хуманитарец Аце Георгиевски и тајфата мајстoри реновираа изгорена куќа на семејство во Куманово

    23.08.2021 11:31 | KumanovoNews

    Единаесетгодишната Мишела и нејзината баба Мирјана Зафировска од Куманово, повеќе од година и пол живееле во рушевини од нивната куќа која во центарот на Куманово изгорела во пожар. Вчера, Мирјана и Мишела, која од малечка била напуштена од родителите, ги добија клучевите од комплетно реновираната куќа која целосно е опремена со нова покуќнина.

    Штипскиот хуманитарец Аце Георгиевски и тајфата мајстoри реновираа изгорена куќа на семејство во Куманово

    И овој проект е реализиран од штипскиот хуманитарец и ентузијаст Александар Георгиевски, кој досега извел повеќе комплетни реновирања на стари, дотраени и оштетени куќи во Штип и во селото Ерџелија кај Свети Николе, со што им помогнал на семејствата да имаат пристоен живот, пренесува порталот СДК.мк.

    Тој вели дека за да имаат расчистен терен и простор за работа пред куќата во Куманово морале да исфрлат 11 камиони со отпадоци што останале од пожарот, при што за целосно реновирање на куќичката работеле интензивно речиси 50 дена.

    „Само што завршивме со изградбата на куќата во Штип, каде се згрижија една жена со нејзините три деца, веднаш заминавме за Куманово откако претходно дознав дека едно девојче и нејзината баба живеат сами во куќа која била рушевина по пожарот што се случил пред 1,5 година. Ја известив екипата мајстори и точно на 23 јуни, на роденденот на Мишела, го започнавме реновирањето на нејзиниот дом и тоа со родененска торта и разни подароци“, вели 35-годишниот експожарникар Георгиевски, кој помагаше во настраданите подрачја во Хрватска по минатогодишните земјотреси.

    Тој е благодарен и на компаниите и нивните раководители кои исто така досега во голема мерка учествувале во овие проекти со опремување на домовите.

    „После секој реализиран проект извесно време одмараме, но истовремено градиме стратегија за нови проекти. Правиме приоритети и ако оцениме дека некаде е потребна нашата помош се насочуваме таму“, вели Георгиевски, кој неможејќи да најде постојана работа како пожарникар се оддал на хуманитарна работа за да помага на другите кои се во неволја.