Штрајк и во Градската библиотека “Тане Георгиевски“
21.01.2015 14:30
| KumanovoNews
Вработените во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ од вчера штрајкуваат на своите работни места.

Додека трае штрајкот граѓаните не можат да зајмуваат книги, ниту да ја користат читалната.
“Ние стапивме во штрајк и тоа е истакнато на влезот. Посетителите ги враќаме, книги не може да се зајмуваат и враќаат. Го поддржуваме штрајкот на СОНК и нивните барања“ - велат од библиотеката.
Барањата на СОНК се да се зголемат платите за 25 отсто, да се укинат казните за просветните работници од екстерно и да се поедностави админстративниот дел од работата.