Стручна помош за земјоделците за годишни планови
Во Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството, земјоделците добиваат помош за подготовка на годишни планови и потполнување на барања за паушално оданочување.

Годишни планови им се изготвуваат на земјоделци кои земале државно земјиште, и истите треба да се однесат во Министерство за земјоделство, а формуларите за паушално оданочување треба да бидат доставени до УЈП.
“Годишните извештаи ние им ги правиме, само треба да донесат договор за закуп и пријава дека се регистрирани како земјоделци и фирми. Да нагласам дека тоа го правиме бесплатно, и кој има потреба нека дојде, ќе ми помогнеме“ - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството.
Дневно во нивните канцеларии поминуваат по триесетина земјоделци, кои добиваат совети и помош за потполнување на документи.