Студено и во наредните денови
28.01.2010 10:43
| KumanovoNews
Во следните денови ќе се задржи променливо и студено време со повремени врнежи од снег. За време на викендот врнежите од снег во некои пониски места ќе поминуваат во врнежи од дожд.

Заради ниските температури ќе има појава на голомразица. Воздушниот притисок ќе има тенденција на нагло опаѓање.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локален снег. Ќе дува слаб умерен ветер претежно од јужен правец.