Студено со северен ветер и дожд, на планините снег
Изутринава времето во Македонија е облачно понекаде со локален дожд. Дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието и на повисоките места.
Во Куманово ноќеска е измерена минимална температура од 5 степени, а наврнале 6 л/м2 дожд во изминатите 24 часа. Најладно било во Маврово, со 0 стпаени, а најтопло во Дојран со 10 степани. Најмногу дожд до 7 часот наврнал во Пожаране 22 литра на л/м2.
Времето денеска ќе биде претежно облачно, студено и ветровито со врнежи од дожд на пониските места и од снег на повисоките и планините. До крајот на денот врнежи од слаб до умерен снег ќе има и понекаде на пониските места особено на југоистокот. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 2 до 10 степени.
Во Скопје облачно со повремен дожд, а на повисоките делови и од слаб снег. Ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Температурата до 6 степени.
Утре ќе биде студено, на места со провејување на слаб снег, а во петок се очекува намалување на облачноста и утрински температури насекаде под нулата.