„Студио МАК“ освои две први места на „Денс Фест“ во Нови Сад
Денс „Студио МАК“ од Куманово освои две награди на меѓународниот фестивал „Денс Фест“, кој се одржа викендов во Нови Сад, Република Србија.

Во многу силна конкуренција на околу 700 кореографии на учесници од 35 земји, кумановските танчери покажаа извонредни резултати.
Нашето студио оваа година освои две први места, едното во формација деца и другото група јуниор. Настапивме со 7 кореографии од кои 2 зедоа награда. Задоволни сме од успехот и горди сме на нашите деца, бидејќи оваа за нив беше едно ново искуство, за некои од нив и прв настап на сцена, - изјави Мерлин Стојановска, кореограф.
Кореографиите за фестивалот беа на Игор Шкомац, Мерлин Стојановска и Ангела Костадиновска.
Фестивалот „Денс Фест“ оваа година славеше 10 годишен јубилеј.