„Светозар Марковиќ“ ќе слави 70 години постоење
13.05.2015 09:46
| KumanovoNews
Основното училиште „Светозар Марковиќ“ од селото Старо Нагоричане, во петок ќе слави 70 години постоење и успешна работа.

По тој повод ќе има свеченост на која ќе присуствуваат претставници од општина Старо Нагоричане, советници, родители и други гости.
Ќе има приредба и историско читање за развојот на училиштето од почетокот до денес. Ќе го одбележиме на пригоден начин овој јубилеј. Во нашето училиште има 10 паралелки во кое се образуваат 97 деца - рече директорката Даниела Станковска.
Во „Светозар Марковиќ“ се изведува настава на српски наставен јазик.