×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Светска недела на доењето

    06.08.2019 11:38 | KumanovoNews

     Под слоганот „Да ги поддржиме родителите за да го овозможиме доењето“ и годинава традиционално во август се одбележува Светската недела на доењето, која во земјава се спроведува од 1 до 7 август во организација на Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“ од Скопје.

    Светска недела на доењето

    Мајчиното млеко е целосна исхрана која ги обезбедува сите хранливи состојки кои му се потребни на бебето за развој на мозокот и снабдување со енергија за неговите активности.

     Во 2015 година научниците откриваат дека мешањето на мајчиното млеко и плунката на бебето предизвикува хемиска реакција која обезбедува хидроген пероксид кој може да ги убие дури и стафилококите и салмонелата. Доењето и мајчиното млеко се токму она што му е потребно на детето за здрав биолошки и психолошки раст, - вели психологот Даница Ивановска Лапојевиќ, по повод Светската недела на доењето.

    1. Колку време детето треба да се дои?

    По раѓањето на бебето се препорачува веднаш да се почне со доењето, а тоа да се продолжи се` додека се во можност мајката и детето, па дури и до 6 годишна возраст. По прекопрака на Светската здравствена организација доењето на детето не треба да престане пред детето да наполни 2 години, а препорачливо е да трае барем до 3 и пол години. Сепак, времето за доење кај мајката се скратува. Мајката е приморана да го намали или прекине доењето поради работните обврски.

    2. Како да се дои детето откако ќе се започне со работата?

    Психолозите препорачуваат да не се прекине нагло доењето на бебето, односно еден месец пред да се започне со работата да се почне со подготовки. Мајката треба да си направи залиха од издојуваното млеко, која ќе му биде дадена на детето кога не е дома, а во тој период детето почнува и со дохрана, па така да се направи навика кај детето за ноќно доење. Во тој случај, дури и кога мајката ќе биде дома, детето ќе има навика да цица само ноќе. Во овој период е препорачливо ноќно доење на детето, затоа што на тој начин детето остварува контакт со мајката, се чувствува сакано и заштитено.

    3. Дали квалитетот на мајчиното млеко се намалува?

    Квалитетот на мајчиното млеко не се намалува, туку се приспособува на потребите на детето, дури и по 12-тиот месец мајчиното млеко станува уште побогато со имуноглобулини. Млекото на мајката е совршена супстација. Телото на мајката е совршен организам кој е способен во секој момент да создаде млеко кое е најсоодветно за бебето.

    4. Дали треба да се прекине со доењето на дететоо доколку настане втора бременост?

    Ова исто така не е препорачливо, зашто телото на мајката е способно да произведува млеко и тогаш кога мајката е повторно бремена. Секако, доколку мајката е во можност и по раѓањето на другото дете, препорачливо е да се дојат и двете деца. Истото важи и за близнаците, доколку мајката е во можност да ги дои близнаците, на почетокот од нивното раѓање не е препорачливо дохранувањето.

    5. Дали треба детето нагло да се одбие од доењето?

    Наглото одбивање на детето од доење, односно заминувањето на мајката надвор од домот на 3-4 дена за детето да престане да цица, може кај детето да предизвика чувство на несигурност, незаштитеност и несакање. Сепак, не постојат универзални правила, ние сме оние кои ја градиме довербата помеѓу нас и детето. Она што е најважно е да се слуша детето, зашто детето има и знае што да каже.

    Извор (Телма телевизија, Даница Ивановска Лапојевиќ, тема „Ом+Продолжено доење-доење после првата година“)