“Танц на куклите“ награден на Струмичкиот карневал
23.02.2015 14:34
| KumanovoNews
Маската “Танц на куклите“ од средните стручни училишта од Куманово е наградена на Струмичкиот карневал.

Маската доби стимулативна награда од 250 евра, во категорија Б групна маска со 20 до 49 лица.
Доделувањето на наградите согласно програмата е предвидено за утре во 19 часот, пред отпочнувањето на карневалското корзо, кога се очекува повторно, во неформален амбиент, да продефилираат маскираните групи, пред се наградените, кои треба во своите костуми да дојдат на доделувањето на наградите.