Татко психички малтретирал малолетен син и го избркал од дома
14.04.2026 09:57
| KumanovoNews
Кумановец психички го малтретирал својот малолетен син, по што го истерал од домот.
Случајот во полиција го пријавиле надлежните од Центарот за социјални работи во Куманово, каде што детето побарало помош.
„Во неделата во 16:00 часот во СВР Куманово, вработена во Центарот за социјални работи Куманово пријавила дека 13-годишно момче од Куманово било психички малтретирано од неговиот татко и избркано од домот. Малолетникот ќе биде сместен во згрижувачко семејство, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти полицијата.