×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тејлор Свифт на Греми со речиси идентичен фустан како пејачката Анастасија Спасевска, креиран од кумановскиот дизајнер Младеновски

    05.02.2024 19:50 | Жаклина Цветковска

    На синоќешното доделување на наградите Греми во Лос Анџелес, пејачката Тејлор Свифт, која влезе во историјата како прв изведувач со 4 освоени награди за албум на годината, носеше речиси идентичен модел на  фустан како македонската пејачка Анастасија Спасевска, кој специјално за неа го креираше кумановскиот дизајнер Христијан Младеновски. 

    Тејлор Свифт на Греми со речиси идентичен фустан како пејачката Анастасија Спасевска, креиран од кумановскиот дизајнер  Младеновски

    Тејлор Свифт се појави во бел фустан без нараменици и со длабок шлиц, дизајниран од престижната француска модна куќа Скјапарели (Schiaparelli).

    Случајност или не, младата пејачка Анастасија Спасевска од Македонија , која беше финалистка на српското риалити-натпреварувачко IDJ SHOW во 2022 година,  минатата година се појави на најпрестижната церемонија на доделување музички награди на Западен Балкан Мac Аwards во Белград , во речиси идентична бела креација.

    Дизајнерскиот потпис на фустанот е на младиот дизајнер Христијан Младеновски од Куманово, кој веќе гради успешна меѓународна кариера во светот на високата мода.

    „Моделот е работен по нарачка, специјално за Анастасија, а инспирацијата доаѓа од  школка и е рефлексија на т.н. влажен изглед или  wet look. Работен е  со техника мулаж,  рачно драпиран и е од чиста свила.  Изработката е според стандардите на високата мода , основата е корсет и драпирана 100-процентна свила“, вели за својот модел дизајнерот Младеновски.

    Големата сличност на моделите можете да ја видите на Instagram на американската пејачка и на Вог, како и на други социјални мрежи.

    Модниот кумановски дизајнер Младеновски досега има постигнато повеќе  престижни  успеси, а фотографија со негов модел беше објавена и во модната дигитална галерија на светски најпознатиот и култен моден магазин ВОГ (VOGUE). Уникатноста на неговите модни колекции веќе ги имаат препознаено и други интернационални модни списанија со кои соработува и на кои се наоѓаат негови модели.

    Авангардната модна сцена е дефинитивно негов избор и авторски фокус кој привлекува внимание, подеднакво како и амбиенталноста на нивното претставување, што покажува дека Христијан не е само моден автор, туку и креатор на комплексни едиторијали што го претставуваат како комплетен мајстор на својот занает.

    Особено внимание привлече неговата најнова колекција „Црна Лирика“, која фасцинира со  својата симолика, складноста на креациите и мистичната фантазија на авторот.