Тешко повреден работник, паднал од градежен објект
13.05.2019 08:53
| KumanovoNews
Градежен работник е тешко повреден откако паднал од зграда на ул. Трета МУБ“ во Куманово.

Б.А. (31) од Куманово, вработен во приватна фирма, работел на објект во еден момент од засега непознати причини се лизнал и паднал од први кат на објектот при што се здобил со тешки телесни повреди.
Работникот бил пренесен во Општата болница Куманово, од каде, заради тежината на повредите бил префрлен во Ургентен центар во Скопје.