Топол бран до петок, заладување во недела
29.06.2020 12:13
| KumanovoNews
Под влијание на многу топла воздушна маса во наредните денови времето ќе биде сончево многу топло и стабилно.

Температурата на југоисток ќе достигнува до 38 степени, а дневните максимални температури насекаде ќе бидат над 30 степени.
Особено топлото време ќе трае до крајот на работната недела, недела а појава на локална нестабилност со појава на пороен дожд и грмежи ќе има од четврток.