×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Три едукации и две наредби за отстранување на неусогласености“ по контролата на АХВ во школите

    28.11.2018 08:28 | KumanovoNews

    Иако државата преку Министерството за образование и наука, минатата година најавуваше дека ќе започнат засилени контроли од неколку институции на оброците што ги добиваат учениците во училишните мензи, засега нема ништо од тоа.

    „Три едукации и две наредби за отстранување на неусогласености“ по контролата на АХВ во школите

    По низата реакции на родители преку социјалните мрежи, дека во храната децата наоѓале парчиња пластика, остатоци од зеленчуков отпад, како и тоа дека немало крем во кифлите со крем, или пак, пецивата имале помала грамажа од пропишаната, поранешната министерка за образование и наука Рената Дескоска, најавуваше дека целиот процес ќе се надгледува интерресорски, преку неколку државни институции – Министерството за образование и наука (МОН), Министерството за здравство, односно Институтот за јавно здравје, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), како и Државниот пазарен инспекторат, пренесува Мета.мк.

    Од почетокот на учебната година, контроли во училишните мензи спровеле само инспекторите од АХВ, кои констатирале ситни неправилности.

     Агенцијата за храна и ветеринарство не е надлежна за вршење на контрола на нормативите кои се пропишани за исхрана во училиштата за кои се надлежни локалните самоуправи, Министерството за образование и Пазарната инспекција. Инспекциските служби на Агенцијата ја контролираат безбедноста на производите, хигиенските услови при подготвувањето и послужувањето на храната во градинките и училиштата, како и здравствената состојба на лицата кои манипулираат со храната. Контроли се вршат и на објектите од каде се добавува храната, исклучиво од аспект на безбедност – информира Велика Атанасова од АХВ.

    Таа додава дека во септември и октомври, инспекторите од Агенцијата спровеле 54 контроли во училиштата каде има организирана исхрана на деца, а со контролите констатирани биле „мали неусогласености“ со прописите кои се однесуваат на безбедноста на храната за што се изречени мерки „три едукации и две наредби за отстранување на неусогласености“ (неофарбани ѕидови во мензите, незаверени санитарни книшки).

    Министерството за образование и наука годинава во мај усвои нов правилник за исхрана, во кој се пропишани стандардите за исхрана и за оброците во основните училишта. Засега од МОН нема најави дека ќе има интерресорски контроли на храната. Министерот Арбер Адеми не е достапен да информира дали се планира да се направи нешто во однос на овој дел.

    Додека беше прв човек во МОН, Дескоска изјавуваше дека биснис-интересите на градоначалниците и добавувачите на храна, не смеат да бидат пред здравјето на децата.