Мени

Три лица повредени во сообраќајка на патот кон Горно Којнаре

27.07.2019 10:34 | KumanovoNews

 Три лица се повредени во сообраќајна несреќа на локалниот пат Куманово- Горно Којнаре.

Три лица повредени во сообраќајка на патот кон Горно Којнаре

Сообраќајката се случила во 12.25 часот, помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово  и патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А.Ф. (22) од с.Горно Коњаре-Куманово.

По незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото „Пежо“  М.Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово,  каде им биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на лице место извршила екипа од ПС за БПС-Куманово.