Три пожари на запалена сува трева во кумановско
07.12.2018 09:42
| KumanovoNews
Во изминатите 24 часа на територијата на Општина Куманово регистрирани се три пожари.

Вчера од 10 до 18 часот противпожарната екипа интервенирала трипати на гаснење пожари во селата Скачковце, Табановце и Агино село, на запалена сува трева.
Причините за пожарот не се познати исто како и матерјалната штета.