×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Триста кила облека се собира месечно во кумановскиот Црвен крст

    19.03.2015 10:14 | KumanovoNews

    Граѓаните се помасовно донираат, па месечно се собира и до 300 килограми стара облека.

    Триста кила облека се собира месечно во кумановскиот Црвен крст

    Во Црвениот Крст Куманово, велат дека облеката се дели за социјално загрозените семејства, во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Последниве години свеста за помагање е на повисоко ниво, и граѓаните се повеќе ја донираат облеката која не им е потребна.

    “Споредбено од пред 6-7 години, има разлика во позитивна смисла. Луѓето се информирани каде можат да донираат и комуникацијата со нас е подобрена. Ги задоволуваме потребите за облека во трите општини. Луѓето се навикати и го почитуваат правилото да донираат чиста, испрана, испеглана облека“ - изјави Бојан Петрушевски од Црвен Крст Куманово.

    Во просториите на Црвениот Крст, граѓаните можат да донираат стара гардероба во понеделник, вторник и среда од 9 до 13 часот.