Тројца граѓани казнети за неносење маски
14.07.2020 09:20
| KumanovoNews
Во последните 24 часа, регистрирани се 3 прекршувања на уредбата за носење на заштитна маска, заради заштита од коронавирус.

„Во текот на изминатото деноноќие, во СВР Куманово се регистрирани 3 прекршоци за не носење на заштитна маска, поради вирусот ковид-19. Вкупната бројка се однесува и за општините Старо Нагоричане и Липково,“ велат од секторот.
Од СВР Куманово потенцираат дека е забележливо подобрување во однос на претходните денови. Граѓаните се повеќе носат заштитни маски и ги почитуваат протоколите.
(Д.Д)