×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тројца новозаболени од КОВИД-19 во Куманово, 162 во земјата

    14.06.2020 16:08 | KumanovoNews

     Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 162 нови случаи на КОВИД-19 во земјата.

    Тројца новозаболени од КОВИД-19 во Куманово, 162 во земјата

    По градови: Скопје 92, Куманово 3, Дебар 5, Штип 1, Прилеп 2, Тетово 32, Струга 3, Охрид 4, Гостивар 2, Гевгелија 1, Струмица 1, Крива Паланка 1, Свети Николе 1 и Ресен 14.

    Починати се 9 лица, три од Скопје, еден од Прилеп, два од Тетово, еден од Струга, еден од Велес и еден од Гостивар. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, пациент од Тетово (62г), хоспитализиран еден ден на клиниката и пациент од Скопје (62г), хоспитализиран пред три дена.

    Во ГОБ „8 септември“ починаа пациент од Скопје (69) примен на 13 јуни, пациентка од Скопје (73) примена на 2 јуни и пациентка од Велес (70) хоспитализирана на 2 јуни.

    Во болницата во Прилеп почина пациентка на 81 година, хоспитализирана на 11 јуни. Во болницата во Тетово почина пациент (59), во болницата во Охрид почина пациент од Струга (69) а во болницата во Гостивар на пациентка (58) која починала на 11 јуни, позитивниот резултат на ковид е докажан постмортем.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 5 оздравени пациенти и тоа: Скопје 2, Прилеп 2 и Тетово 1.

    Досега во земјата се направени вкупно 43.040 тестирања на КОВИД -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

    Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4057, бројката на оздравени пациенти е 1710, на починати е 188, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2159.