Трoјца повредени откако возило излетало од патот Куманово - Свети Николе
26.02.2021 10:46
| KumanovoNews
Три лица се повредени, од кои едно тешко, во сообраќајна незгода која вчера во 16.20 часот се случила на регионалниот пат Куманово - Свети Николе, кога патничко возило „опел астра“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.П.(40) од Куманово, излетало надвор од коловозот.

Како што соопштува МВР, во незгодата, сопатничката З.П.(68) од Куманово се здобила со тешки телесни повреди, а возачот и друга сопатничка С.П.(60) од Куманово се здобиле со телесни повреди, констатирани во Општата болница Куманово.
Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.