×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тројца повредени при судир на мотоцикл и автомобил на „Октомвриска“

    29.07.2021 18:13 | Сузана Николиќ

    Уште три лица по полноќ се повредени во сообраќајна несреќа на булеварот „Октомвриска револуција“, при судир на мотоцикл и автомобил.   

    Тројца повредени при судир на мотоцикл и автомобил на „Октомвриска“

    Сообраќајката се случила во 00.25 часот помеѓу мотоцикл „сузуки“, со кумановски регистарски ознаки, на кој се превезувале А.Т.(20) и Д.С.(20), двајцата од Куманово и патничко возило „опел корса“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(22) од Куманово. 

    „По незгодата двете лица кои се превезувале на мотоциклот, како и возачот Д.Т. биле пренесени биле во Општата болница Куманово, каде на А.Т. и Д.С. им биле констатирани тешки телесни повреди, а на Д.Т. му биле констатирани телесни повреди“, соопштува МВР. 

    Извршен е увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Куманово.

    За два дена ова е втора сообраќајна несреќа на булеварот „Октомвриска револуција“, во која учествуваат мотоциклисти. Вчера на булеварот „Трета МУБ“ беше прегазен 48-годишен кумановец, кој им подлегнал на повредите. 

    Граѓаните реагираат дека им е загрозена безбедноста поради дивеењето на поедини учесници во сообраќајот и бараат од полицијата да преземе мерки и да ги казни прекршителите на сообраќајните правила, поради кои страдаат недолжни граѓани.