Тројца повредни откако автомобил излетал од патот и удрил во дрво
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладна се случила на магистралниот пат Куманово-граничен премин Пелинце, на место викано „Бели Грамаде“.

До сообраќајката дошло во 17.30 часот, кога патничко возило „Сеат Ибица“ со бугарски национални ознаки, управувано од И.Д.(42) од Куманово, излетало надвор од коловозот и удрило во дрвo.
Во незгодата сопатничката Ј.Н. се здобила со тешки телесни повреди, додека возачот И.Д. и сопатникот Д.Д. се здобиле со телесни повреди.
Сите тројца со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Куманово каде им била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.