„У кафаче карши Станче“ во Кавадарци
01.06.2017 09:45
| KumanovoNews
Драмската работилница на Здружението на пензионери „Куманово“, вечерва ќе гостува во Кавадарци и ќе ја игра кабаретската претстава „У кафаче карши Станче“.

Претставата ќе се игра во Домот на кутурата, а посетата се реализира во соработка со Здружението на пензионерите од Кавадарци.
„У кафаче карши Станче“ е возобновена хумористична претстава, која веќе два пати е прикажана пред кумановската публика, а има најава за уште неколку гостувања на покана на здруженијата на пензионерите.