Уапсени инкасанти на Романовце
01.12.2011 11:28
| KumanovoNews
Осум лица од Куманово, вработени на наплатната рампа Романовце, утрово биле спроведени во кумановската полиција во акција на Министерството за внатрешни работи.

Од полицијата неофицијално дознаваме дека вработените во јавното претпријатието „Македонија пат„ биле задржани кај нив извесно време, а потоа биле пренесени во Основниот суд Скопје.
Акцијата почнала уште рано утрово околу пет часот, најверојатно како продолжение на големата акција “Змиско око“.